МИЦКОСКИ: ЛАЖНА СЕНЗАЦИЈА- Ист центар стои зад порталите што шират невистини за коалиција со Мерко

Ние многупати во минатото сме го искажале нашиот јасен став за Рамиз Мерко, така што ова е само обид за креирање лажна приказна вели Мицкоски

МИЦКОСКИ: ЛАЖНА СЕНЗАЦИЈА- Ист центар стои зад порталите што шират невистини за коалиција со Мерко
Фото: Национал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ги демантираше шпекулациите објавени на неколку портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко.

„Станува збор за портали кои, претпоставувам, се финансирани од ист центар, разочаран поради тоа што Рамиз Мерко не ја поддржува ДУИ во вториот изборен круг. За да создадат противтежа и сензација, тие пласираат целосни невистини во јавноста. Ние многупати во минатото сме го искажале нашиот јасен став за Рамиз Мерко, така што ова е само обид за креирање лажна приказна“, изјави Мицкоски.

CATEGORIES
TAGS
Share This