МИЦКОСКИ ИСПРАЌА ПОРАКА ДО АТИНА Името Македонија е свето
Нема да прифатиме закани или цензура кога станува збор за националниот идентитет

Фото: Влада
Премиерот Христијан Мицкоски испрати јасна порака до официјална Атина по последните реакции во врска со употребата на името на државата. По посетата на фабриката „Алкалоид“, тој нагласи дека нема да прифати цензура кога станува збор за неговите чувства и правото на слободен говор.
„Во принцип не сум човек што поддржува цензура или закани. За мене името Македонија е свето, и имам право слободно да кажувам што мислам“, изјави Мицкоски.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


