МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ГЕРМАНИЈА ДРАМАТИЧНА Годинава би можеле да бидат укинати 150 илјади работни места

Како главни причини ги посочи бирократијата, високите трошоци за енергија и високите даноци, што ја прави Германија помалку атрактивна за инвестиции и отворање нови работни места.

МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ГЕРМАНИЈА ДРАМАТИЧНА Годинава би можеле да бидат укинати 150 илјади работни места

Во германската метална и електроиндустрија годинава би можеле да бидат укинати до 150.000 работни места, предупреди претседателот на здружението на работодавачи „Гесамметал“, Оливер Кандер.

Тој оцени дека секторот се соочува со сериозна криза и деиндустријализација, а состојбата ја опиша како „навистина драматична“.

Според Кандер, од 2018 година досега се изгубени околу 270.000 работни места, а бројот на вработени неодамна првпат од 2015 година паднал под 3,8 милиони.

Како главни причини ги посочи бирократијата, високите трошоци за енергија и високите даноци, што ја прави Германија помалку атрактивна за инвестиции и отворање нови работни места.

CATEGORIES
Share This