МЕТА И YOUTUBE ВО БОРБА СО СПАМ-СОДРЖИНА Се отстрануваат милиони лажни профили и се ограничува неоригинална содржина

МЕТА И YOUTUBE ВО БОРБА СО СПАМ-СОДРЖИНА Се отстрануваат милиони лажни профили и се ограничува неоригинална содржина

Мета во првата половина на 2025 година отстранила над 10 милиони лажни профили кои се претставувале како познати креатори на содржини, во рамките на кампањата за справување со спам-содржина и лажно претставување на Facebook, пренесува CNBC.

Дополнително, компанијата соопшти дека се преземени санкции и против околу 500.000 сметки вклучени во неавтентични активности, преку намалување на досегот, деградирање на коментари и ограничување на монетизацијата.

Целта, велат од Мета, е јасна: повеќе оригинална, автентична содржина во Facebook фидот. Тие нагласуваат дека посебен фокус има на повторно објавени слики и видеа без наведување на авторство, што со нова технологија за препознавање се детектира и се санкционира со намалена дистрибуција.

Во меѓувреме, YouTube најави нова политика што ќе спречи масовно произведена и повторувачка содржина да добива приходи, што предизвика конфузија меѓу корисниците. Сепак, платформата разјасни дека не се работи за забрана на ИИ-содржина, туку за заштита од „недостаток на квалитет“ во видеата.

„Ги поздравуваме креаторите кои користат ИИ за да го подобрат раскажувањето на приказни“, изјавија од YouTube, потенцирајќи дека каналите со ИИ-содржина остануваат подобни за монетизација, се додека не се повторувачки или неоригинални.

Овие чекори се дел од поширокиот тренд во технолошките гиганти да воспостават контрола врз експлозијата на ИИ-содржина, во време кога сами инвестираат милијарди долари токму во развој на вештачка интелигенција. Марк Закерберг неодамна најави инвестиции од „стотици милијарди долари“ за нов ИИ-суперкластер кој треба да стане активен во 2026 година.

CATEGORIES
Share This