MESSENGER.COM ОДИ ВО ИСТОРИЈА – Meta ја укинува, пораките повторно само преку Facebook

Од април, самостојната веб-страница на Messenger престанува да функционира, а сите пораки ќе бидат достапни исклучиво преку Facebook.

MESSENGER.COM ОДИ ВО ИСТОРИЈА –  Meta ја укинува, пораките повторно само преку Facebook
Фото: Принтскрин

Технолошкиот гигант Meta официјално потврди дека ќе ја затвори самостојната веб-страница на Messenger (messenger.com). Од април оваа година, страницата ќе престане да функционира, а корисниците кои комуницираат преку компјутер ќе мора тоа да го прават исклучиво преку главната платформа на Facebook.

Според информациите објавени во центарот за помош на Meta, секој обид за пристап до messenger.com по нејзиното гасење автоматски ќе резултира со пренасочување кон делот за пораки на Facebook. Историјата на разговорите ќе остане зачувана, а корисниците ќе можат да ѝ пристапат со внесување на својот ПИН-код, кој служи за обновување на резервната копија од податоците.

Одлуката предизвика незадоволство кај дел од корисниците, особено кај оние кои ги деактивирале своите Facebook-профили, но продолжиле да го користат Messenger како примарен канал за комуникација. Потегот доаѓа само неколку месеци по укинувањето на десктоп-апликациите за Messenger, што дополнително ја потврдува стратегијата на компанијата за целосна реинтеграција на своите услуги.

Историјата на Messenger е обележана со низа вакви стратешки пресврти од неговото лансирање како Facebook Chat во 2008 година, преку трансформацијата во самостојна апликација во 2011 година, па сè до денешните напори за повторно спојување со матичната платформа. Иако Meta со години се обидуваше да го позиционира Messenger како независен бренд, се чини дека неговата иднина повторно е нераскинливо поврзана со Facebook.

CATEGORIES
Share This