МЕСИ И АЛБА СУСПЕНДИРАНИ Интер Мајами без двете ѕвезди против синсинати поради непојавување на ол-стар натпреварот

Аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси е суспендиран на еден натпревар во американската МЛС лига поради непојавување на неодамнешниот Ол-стар натпревар. Истата казна ја доби и неговиот соиграч од Интер Мајами, Џорди Алба.
Како резултат на оваа санкција, двајцата ќе го пропуштат клучниот меч против лидерот во Источната конференција, Синсинати. Натпреварот се смета за еден од најважните за тимот од Флорида, кој со евентуална победа би се доближил до првото место на табелата.
Според правилата на МЛС, сите играчи кои се поканети на Ол-стар натпреварот и не се појават без валидно медицинско оправдување, автоматски добиваат суспензија од еден натпревар. Тренерот на Интер, Хавиер Маскерано, објасни дека Алба е повреден, а за Меси изјави дека бил физички исцрпен и замолен да одмори.
Меси, кој оваа сезона има одличен скор со 24 голови на 29 настапи во сите натпреварувања, сепак ќе мора да паузира во момент кога тимот најмногу има потреба од неговата магија


