МЕДИУМИТЕ ПОТВРДУВААТ Почина сопругата на ајатолахот Хамнеи по повредите

Повредена во истиот бран американско-израелски напади, Мансуре Хоџасатех денес им подлегна на повредите.

МЕДИУМИТЕ ПОТВРДУВААТ Почина сопругата на ајатолахот Хамнеи по повредите
Фото: Принтскрин

Мансуре Хоџасатех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина по повредите што ги доби во неодамнешните американско-израелски напади, соопштија иранските државни медиуми.

Сопругата на ајатолахот почина два дена по него, потврдуваат медиумите.

За потсетување, Хамнеи загина во заедничките напади на САД и Израел насочени кон повеќе локации во и околу Техеран. Исто така, Мансуре Хоџасатех беше повредена во истиот напад и денес им подлегна на повредите. Во нападите загинаа и неколку членови на семејството на Хамнеи, вклучувајќи ја неговата ќерка, зет и внука.

CATEGORIES
Share This