МЕЧ КОЈ ЌЕ СЕ РАСКАЖУВА Епски пресврт на Манчестер Јунајтед за полуфинале во Лига Европа
Во неверојатен реванш натпревар, продолженија и два неверојатни пресврти, Јунајтед победи на „Олд Трафорд“ со резултат 5:4 и се пласира во полуфиналето со вкупен резултат 7:6.

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар со инфаркт завршница во реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа.
Во неверојатен реванш натпревар, продолженија и два неверојатни пресврти, Јунајтед победи на „Олд Трафорд“ со резултат 5:4 и се пласира во полуфиналето со вкупен резултат 7:6.
Во текот на натпреварот Лион губеше 2:0, па водеше 3:4 а потоа со головите на Коби Мајну и Хари Мегваер и чудесните три гола за 6 минути Манчестер Јунајтед направи пресврт и обезбеди пласман меѓу четирите најдобри во второто по ранг натпреварување на УЕФА кое нешто донесе комплетна „лудница“ на стадионот.
Првиот натпревар, пред седум дена, заврши нерешено 2:2, исто како и вечерва по регуларните 90 минути.
Во полуфиналето се пласираше и Бодо/Глимт кој по пеналите го исфрли Лацио, откако по 90 минути во Рим беше 2-0 за домаќинот, а продолженијата завршија со 3-1. Во пенал-серијата норвешкиот тим беше Бодо славеше со 2-3.
CATEGORIES Фудбал


