МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА, А ТОЈ ВО ПРИШТИНА – Косовски медиуми го видел како се шета во центарот на градот
Косовската агенција „Косова прес“ тврди дека поранешниот функционер на ДУИ бил забележан во близина на центарот на Приштина, иако по него сè уште е активна меѓународна потерница

Поранешниот висок функционер на ДУИ, Артан Груби, кој повеќе од една година е недостапен за македонските органи на прогонот, наводно конечно е лоциран. Косовската новинска агенција „Косова прес“, повикувајќи се на свои извори, објави дека Груби вчера попладне бил забележан во близина на центарот на Приштина.
Според информациите, Груби денес изгледа значително поинаку од периодот кога беше активен на македонската политичка сцена. Наместо препознатливиот политички имиџ, тој наводно носи зимска јакна и спортска облека, шапка и пуштена брада, што се толкува како обид за прикривање на идентитетот.
Изворите тврдат дека Груби живее во станбен комплекс недалеку од центарот на косовската престолнина, заедно со две деца. Во меѓувреме, македонските институции и натаму го бараат, а по него сè уште е активна меѓународна потерница.


