МАТИЧНИ СОБРАНИСКИ КОМИСИИ – На дневен ред предлогот за минимална плата од 600 евра

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата денеска во прво читање во Комисијата за економски прашања; предлагач е Венко Филипче со група пратеници

МАТИЧНИ СОБРАНИСКИ КОМИСИИ – На дневен ред предлогот за минимална плата од 600 евра
Фото: Национал

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија денеска е разгледуван во прво читање на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.

Овластен предлагач е Венко Филипче, претседател на СДСМ, а меѓу останатите предлагачи се: Бисера Костадиновска Стојчевска, Благој Бочварски, Борче Цветков, Горан Мисовски, Даниела Николова, Димитар Ковачевски, Јован Митрески, Јованка Тренчевска, Љупчо Николовски, Миле Талевски, Митко Трајчулески, Моника Зајкова, Оливер Спасовски, Сања Лукаревска, Славјанка Петровска, Соња Мираковска и Фатмир Битиќи.

Со предложениот закон се предлага минималната плата во државата да изнесува 600 евра.

По разгледувањето во Комисијата за економски прашања, предлог-законот ќе биде ставен и на дневен ред на Законодавно-правната комисија.

CATEGORIES
Share This