МАСЛОТО И ЈАЈЦАТА ДИВЕАТ НА ПАЗАРИТЕ – Мицкоски најави брутална контрола

Владата нема да дозволи трговците да удираат по стандардот на граѓаните.

МАСЛОТО И ЈАЈЦАТА ДИВЕАТ НА ПАЗАРИТЕ – Мицкоски најави брутална контрола
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата ја следи состојбата со цените на прехранбените производи и нема да дозволи неетичко однесување од трговците и снабдувачите.

Тој истакна дека Државниот пазарен инспекторат веќе врши контроли на терен, поради забележано поскапување кај одредени производи.

„Ако видиме неетичко однесување, како Влада ќе преземеме сите мерки. ДПИ е на терен“, рече Мицкоски.

Најмногу поскапеле маслото за јадење и јајцата, додека останатите производи засега се со стабилни цени. Трговците го оправдуваат зголемувањето со растот на цените на светските берзи, но Владата врши сопствени пресметки.

„Го следиме, калкулираме и нема да дозволиме осцилации кои ќе го нарушат стандардот на граѓаните“, додаде премиерот, нагласувајќи дека постои план за справување со евентуални ценовни шокови и институциите ќе реагираат навремено.

CATEGORIES
Share This