МАСК МОЖЕ ДА ДОБИЕ АКЦИИ ВРЕДНИ ЕДЕН ТРИЛИОН ДОЛАРИ – Услов е „Тесла“ да оствари рекорден раст и продажба во следните 10 години
Тие вклучуваат осумкратен раст на вредноста на „Тесла“, продажба на милион роботи со вештачка интелигенција и 12 милиони возила. Наградата нема да биде во готово, туку во акции.

Управниот одбор на „Тесла“ најави дека извршниот директор Илон Маск би можел да добие акции во вредност од еден трилион долари во следните 10 години, доколку ги исполни амбициозните цели на компанијата.
Тие вклучуваат осумкратен раст на вредноста на „Тесла“, продажба на милион роботи со вештачка интелигенција и 12 милиони возила. Наградата нема да биде во готово, туку во акции.
Претседателката на Управниот одбор, Робин Денхолм, изјави дека мотивирањето на Маск е клучно за „Тесла“ да стане највредната компанија во историјата.
Оваа одлука следи по неодамнешната судска пресуда во САД, со која беше поништена претходната награда од 50 милијарди долари, а Маск доби акции во вредност од 29 милијарди долари.
CATEGORIES Бизнис

