МАСАР ОМЕРАГИЌ Предлогот за нов селектор ќе се достави до 25 декември
ФФМ бара македонски тренер кој ќе внесе ред и стабилност во националниот тим

Фото: Социјални мрежи
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, преку својот Фејсбук профил информира дека Комисијата за избор на нов селектор на македонската А репрезентација денеска одржала конструктивен состанок.
„Разговаравме за профилот на македонски тренер кој ќе внесе стабилност, јасна стратегија и континуитет во најдобрата селекција“, истакна Омерагиќ.
Тој додаде дека предлогот за нов селектор ќе биде доставен до Управниот одбор на ФФМ најдоцна до 25 декември.
CATEGORIES Фудбал


