МАРШ ЗА АНГЕЛИТЕ ПОВТОРНО НИЗ КОЧАНИ – Повик за правда во 18:05

Семејствата остануваат цврсти во своето барање - целосна и неселективна правда, за што најавуваат дека ќе се борат до крај.

МАРШ ЗА АНГЕЛИТЕ ПОВТОРНО НИЗ КОЧАНИ – Повик за правда во 18:05
Фото: Национал

Денеска во 18:05 часот, семејствата на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно ќе излезат на протест, барајќи правда за своите деца.

Маршот за ангелите“ се организира во знак на сеќавање на загинатите и поддршка за повредените, но и како потсетување на институционалните пропусти и задоцнетата реакција што, според семејствата, придонеле за трагедијата.

Маршот ќе се одвива по веќе воспоставената рута: од Паркот на револуцијата, преку трговскиот центар, пред Општина Кочани, па сѐ до полициската станица, Основниот суд и обвинителството.

Семејствата остануваат цврсти во своето барање – целосна и неселективна правда, за што најавуваат дека ќе се борат до крај. Тие ги повикуваат сите граѓани да им се придружат во маршот и да ја искажат својата поддршка.

CATEGORIES
Share This