МАНУ – Денес редовно годишното собрание

Академиците ќе дискутираат за идните приоритети, меѓународната соработка и поддршката на истражувачки проекти

МАНУ – Денес редовно годишното собрание
Фото:Национал

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе го одржи своето редовно годишно собрание, на кое ќе бидат разгледани досегашните активности и постигнувања на Академијата, како и насоките за нејзиното идно делување.

Собранието ќе започне со експозе на претседателот на МАНУ, Живко Попов, кој ќе ги презентира реализираните научни, истражувачки и уметнички активности, како и проектите и иницијативите што институцијата ги спровела во текот на изминатата година.

Академиците ќе имаат можност да дискутираат за идните приоритети на МАНУ, со посебен акцент на унапредување на научната и уметничката дејност, зајакнување на меѓународната соработка и поддршка на истражувачки проекти со значење за развојот на државата.

CATEGORIES
Share This