МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ПРЕД АНГАЖМАН НА НОВ ФУДБАЛЕР Никој не очекуваше дека тоа ќе биде фудбалер на Антверпен

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ПРЕД АНГАЖМАН НА НОВ ФУДБАЛЕР Никој не очекуваше дека тоа ќе биде фудбалер на Антверпен

Манчестер Јунајтед активно работи на подобрување на голманската позиција, откако Анре Онана и Алтај Бајиндр не успеаја да ги исполнат очекувањата. Во последните денови, 23-годишниот Сене Ламенс, првиот голман на Ројал Антверпен, се наметнува како главен кандидат за оваа позиција. Според извори од „Гол“, овој трансфер би можел да биде едно од најголемите изненадувања во тековниот трансфер период.

Ламенс има импресивна статистика, откако во последните две сезони одигра 93 натпревари за Антверпен, од кои 41 минатата сезона и 52 претходната. И покрај својата младост, тој стекна значајно искуство на теренот. Англиските медиуми известуваат дека белгискиот голман веќе постигнал договор за личните услови со Јунајтед, а трансферот би можел да изнесува околу 23 милиони евра.

Статистиките говорат за неговата извонредна форма. Ламенс беше најдобриот голман во светот минатата сезона во категоријата спасени очекувани голови (xGOT), со неверојатни 16,47. Забележа 127 одбрани со успешност од 81,4 проценти, што е највисоко во Премиер лигата. За споредба, Роберт Санчез од Челзи имаше успешност од 76,4 проценти. Освен со своите одбрани, Ламенс е познат и по својата игра со нога, што го става меѓу најдобрите во бројот на успешни додавања и кратки пасови. Минатата сезона, тој успеа да одбрани и четири пенала.

Неговите извонредни перформанси му донесоа и првиот повик во сениорската репрезентација на Белгија во март оваа година. Иако интерес за Ламенс покажуваат и клубови од Англија, Италија и Франција, Манчестер Јунајтед би можел да биде најбрз во реализацијата на овој трансфер, што би било остварување на сонот за младиот голман.

CATEGORIES
Share This