МАЛОЛЕТНИК ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР ВО КАРПОШ – горел електрични кабли во круг на фирма на „Скупи“

Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено откако било затекнато како пали електрични кабли и предизвикува пожар во кругот на фирма на улицата „Скупи“ во скопската општина Карпош, информира Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил по полноќ, кога полициски службеници на терен го затекнале малолетникот како предизвикува отворен оган. Благодарение на брзата интервенција на екипите од Противпожарната бригада, пожарот бил навреме локализиран и изгаснат, а притоа не е пријавена значајна материјална штета.
Според МВР, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на неговата маќеа и адвокат, а против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Надлежните институции продолжуваат со целосна документација на случајот.


