МАЛОЛЕТНИЧКА ОБВИНУВА Доктор ме допираше во тоалетот на клиниката

Случајот предизвика загриженост во јавноста и повторно го отвори прашањето за безбедноста на пациентите во здравствените установи.

МАЛОЛЕТНИЧКА ОБВИНУВА Доктор ме допираше во тоалетот на клиниката

Нов скандал го потресе Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ откако во полицијата беше пријавен случај на наводно недолично однесување на лекар кон малолетничка пациентка.

Случајот бил пријавен синоќа во СВР Скопје, каде што било наведено дека околу 21 часот, во тоалет во рамки на болничкиот комплекс, девојче од Виница, згрижено на клиниката, изјавило дека било недозволено допирано по телото од страна на доктор.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека веднаш по пријавата се преземени соодветни мерки за расветлување на инцидентот.

„Се постапува согласно законските процедури и случајот е во фаза на истрага,“ информираат од МВР.

Засега нема официјални информации за идентитетот на осомничениот лекар, ниту дали е преземена дисциплинска или кривична постапка против него.

Од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ не дадоа изјава за јавноста во врска со случајот.

Случајот предизвика загриженост во јавноста и повторно го отвори прашањето за безбедноста на пациентите во здравствените установи.

CATEGORIES
Share This