МАКРОН СЕ ЗАКАНИ НА РУСИЈА – Европа мора да биде непредвидлива

Москва нагласува дека нема намера да се заканува, но предупредува дека нема да ги игнорира чекорите кои ги смета за потенцијална закана по своите безбедносни интереси.

МАКРОН СЕ ЗАКАНИ НА РУСИЈА – Европа мора да биде непредвидлива
Фото: Принтскрин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека беспилотни летала што го нарушуваат воздушниот простор на земјите од Европската Унија и НАТО можат да бидат уништени без предупредување. Тој ја истакна потребата Европа да покаже „уште поголема стратешка неизвесност“ како одговор на ваквите инциденти.

„Верувам дека главниот одговор треба да биде непредвидливост и стратешка неизвесност. Ќе направиме сè што е потребно за да го заштитиме интегритетот на нашиот простор“ – изјави Макрон на отворањето на самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген.

Изјавата следи во време на зголемени тензии меѓу НАТО и Русија, по неколкуте случаи на наводни нарушувања на воздушниот простор од авиони и беспилотни летала.

Полскиот претседател Карол Навроцки одобри присуство на трупи на НАТО на територијата на Полска, како дел од новата операција „Источна стража“, со која Алијансата го зајакнува источниот фронт. Одлуката е донесена по инцидент со беспилотни летала над Полска на 10 септември.

Москва, пак, ги негира обвиненијата, оценувајќи ги како „неосновани и празни“. Кремљ преку портпаролот Дмитриј Песков порача дека Русија не нарушила ничиј воздушен простор, а портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, додаде дека Полска со овие тврдења ја одржува „русофобијата на површина“.

Паралелно, Германија, Полска, Финска и балтичките земји работат на проектот „ѕид на беспилотни летала“ – повеќеслоен систем за надзор и одбрана од дронови долж границата со Русија. Проектот е во развојна фаза и се избираат прототипи за негово распоредување.

Москва нагласува дека нема намера да се заканува, но предупредува дека нема да ги игнорира чекорите кои ги смета за потенцијална закана по своите безбедносни интереси.

CATEGORIES
Share This