МАКЕДОНСКИОТ КИЦ ВО ЗАГРЕБ ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЈЕЛ, „Гласоечкото пеење“ со настап на реномирани уметници и трибина за УНЕСКО
Настанот претставуваше значаен чекор во интернационалната промоција на македонската традиција и пример за успешно културно претставување во европски контекст.

Македонскиот КИЦ во Загреб го одбележа јубилејот 10 години од впишувањето на „Гласоечкото пеење од Долни Полог“ на листата на УНЕСКО со настап на „Трио Гавровски“ и инструменталистот Дарко Коцев на „Меѓународната смотра на фолклорот“ во Загреб.
Пред многубројната публика беа претставени двете македонски нематеријални културни добра – Гласоечкото пеење и Гајдата. Во КИЦ Загреб беше одржана и трибина на тема „Нематеријална култура и идентитети“, со учество на македонски и хрватски експерти, посветена на промоција на добрата од листата на УНЕСКО и зајакнување на соработката меѓу двете земји.
CATEGORIES Култура


