МАКЕДОНСКИОТ ЏЕЈМС ДИН – 10 години од смртта на Ацо Јовановски
Театарскиот и филмскиот пат на Ацо Јовановски остави трајно наследство за генерации актери.

Денес се навршуваат 10 години од смртта на бардот на македонското актерство, Ацо Јовановски – Снагата. Тој почина во Скопје на 18 март 2016 година, на 86-годишна возраст.
Публиката го памети по незаборавната улога на Досе во „Бегалка“, која се смета за една од неговите заштитни. Роден во Скопје, Ацо е сметан за македонски Џејмс Дин, македонски Џорџ Клуни и филмски херој кој остави неизбришлив печат, со над 60 улоги во филмови во поранешна Југославија и Македонија, и над 100 улоги на театарската сцена.
Филмската кариера ја започна со улога во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година. По него следеа „Мирно лето“, „Црно семе“, „Жед“, „Македонски дел од пеколот“, „Селска буна“, „Најдолгиот пат“, „Оловна бригада“, „Црвениот коњ“, „Јазол“, „Ангели на отпад“, како и многу ТВ филмови и серии, меѓу кои „Јагне на ражен“, „Илинден“, „Волшебното самарче“, „Претежно ведро“, „Трето доба“ и „Погрешно време“.
Прекарот „Снагата“ го добил бидејќи во младоста бил висок и тенок, но со голема енергија, често важен во расправии и боемски дискусии.
Покрај незаборавните улоги, тој остави силно наследство и генерации талентирани актери, меѓу кои и неговата ќерка Силвија Стојановска и нејзините ќерки, глумиците Јана и Ана Стојановски.


