МАКЕДОНСКИ ТАЛЕНТ ВО СПРИНГФИЛД За прв пат Македонец ќе се појави во култната серија „Симпсонови“

Како што објави Нешкоска на нејзиниот Фејсбук профил, креаторите на серијата воведуваат нов лик - талентиран бејзбол играч од Македонија, кој пристигнува во Спрингфилд за да се приклучи на локален бејзбол тим и веднаш станува спортска сензација.

МАКЕДОНСКИ ТАЛЕНТ ВО СПРИНГФИЛД За прв пат Македонец ќе се појави во култната серија „Симпсонови“

Во вистинска сензација за македонската јавност, Невена Нешкоска заедно со нејзиниот брат Наум и сестрата Калина ќе се појават во една од најновите епизоди на легендарната анимирана серија „The Simpsons“. Епизодата, со наслов “Abe League of Their Moe”, ќе има премиера во недела, на 27 април, во 20:00 часот по источен американски временски стандард (2:00 по полноќ по македонско време) на телевизијата „FOX“.

Како што објави Нешкоска на нејзиниот Фејсбук профил, креаторите на серијата воведуваат нов лик – талентиран бејзбол играч од Македонија, кој пристигнува во Спрингфилд за да се приклучи на локален бејзбол тим и веднаш станува спортска сензација.

Учествувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски“, изјави Невена, истакнувајќи дека соработката со тимот зад серијата била извонредно искуство.

Епизодата ќе се фокусира на теми како пријателство, натпреварувачки дух и значењето на ферплејот, а присуството на македонски елементи ќе внесе нова културна димензија во оваа омилена серија.

Со ова, Македонија добива значајно претставување на една од најпознатите телевизиски сцени во светот – „The Simpsons“, кои веќе над три децении се дел од светската поп-култура.

CATEGORIES
Share This