МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ИЗРАЕЛ – Внимавајте и следете ги нашите официјални информации
Амбасадата редовно известува и ќе обезбеди дополнителни информации доколку е потребно.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до сите македонски државјани во Израел. Внимателно следете ги официјалните информации и строго постапувајте според упатствата на надлежните институции. Се препорачува да се воздржите од патувања кон Израел и соседните земји додека безбедносната состојба не се стабилизира.
Согласно информациите од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување. Сите комерцијални летови се суспендирани без конкретна најава за обновување на сообраќајот.
Може да се контактира з аитна помош во Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив на селдниот телефон: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 и Е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk како и министерство за надворешни работи и надворешна трговија: тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk
Министерството преку Амбасадата во Тел Авив континуирано ја следи состојбата и ќе информира за понатамошниот развој.
Препораки од амбасадата до македонските граѓани во Израел е дека треба да останат во или близу заштитен простор (засолниште, безбедна соба или одобрена зона), да знаат каде е најблискиот заштитен простор, да имаат основни залихи: вода, храна, лекови, комплет за прва помош, фенерче и полнети телефони, да следат официјални информации преку веб-страницата на Командата на домашен фронт https://www.oref.org.il/eng, мобилната апликација и локалните медиуми, веднаш да влезат во заштитените простории кога ќе добијат известување и да останат таму додека не се соопшти дека е безбедно да се напушти и за планирани патувања до/од Израел, летовите се откажани; следете ги ажурирањата од авиокомпаниите и надлежните органи.
Амбасадата продолжува да ја следи ситуацијата и ќе обезбеди дополнителни информации доколку е потребно.


