МАКЕДОНСКА ПОДРШКА ЗА ОКЕАНИТЕ Сиљановска на самитот на ОН во Франција

Во рамки на своето учество, претседателката ќе го потпише Договорот од Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето, кој се однесува на зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност во подрачја надвор од национална јурисдикција - договор што беше усвоен во Њујорк на 19 јуни 2023 година.

МАКЕДОНСКА ПОДРШКА ЗА ОКЕАНИТЕ Сиљановска на самитот на ОН во Франција
Фото: Претседател на РМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе учествува на уште една значајна меѓународна конференција, овој пат посветена на заштитата на океаните, која се одржува во Ница, Франција. Според соопштението од нејзиниот кабинет, таа од денеска присуствува на Конференцијата на Обединетите нации за океанот, каде што ќе говори за важноста на зачувувањето на океаните.

Иако Македонија нема излез на море, а уште помалку на океан, нејзиниот ангажман на конференцијата се претставува како потврда на заложбата за глобални еколошки прашања. Како дел од програмата, Сиљановска-Давкова ќе присуствува на приемот што го организира францускиот претседател Емануел Макрон и ќе биде присутна на свеченото отворање на „Декадата за криосферски науки“.

Во рамки на своето учество, претседателката ќе го потпише Договорот од Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето, кој се однесува на зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност во подрачја надвор од национална јурисдикција – договор што беше усвоен во Њујорк на 19 јуни 2023 година.

CATEGORIES
Share This