МАКЕДОНКИТЕ ВО БИТКА – Сликовница за храбрите жени во историјата

Проектот дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам

МАКЕДОНКИТЕ ВО БИТКА – Сликовница за храбрите жени во историјата
Фото: Принтскрин

Музејот на македонската борба за самостојност денеска напладне ќе ја промовира музeјската едукативна сликовница „Македонките во битка – вистински приказни“, создадена од Ана Вишинова, музејски едукатор, и Даниела Митевска, кустос.

Сликовницата е посветена на македонските жени ајдутки, комитки и партизанки кои никогаш не биле пасивни набљудувачи на историјата, туку активни учесници во борбата за човекови права и слобода. Во фокусот е нивната улога и значење, кое надминува само убавина, истрајност, пркос и храброст, и ја истакнува нивната способност да се вклучат во борбата и да влијаат врз клучните цивилизациски процеси.

Изданието е двојазично, на македонски и англиски, и е наменето за збогатување на наставните материјали по историја. Тоа е продолжение на претходните изданија „Зад големата мисла“ (2019), посветена на создавањето на МРО, и „Пламен и непокор“ (2022), посветена на Илинденското востание.

Проектот е дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам за 2025 година, насочена кон остварување на националниот интерес во културата.

CATEGORIES
Share This