МАКЕДОНИЈА ВО СЕПТЕМВРИ ПРОТИВ САУДИСКА АРАБИЈА – Генералка пред квалификациите со Лихтенштајн

МАКЕДОНИЈА ВО СЕПТЕМВРИ ПРОТИВ САУДИСКА АРАБИЈА – Генералка пред квалификациите со Лихтенштајн

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го отвори септемврискиот циклус со пријателски натпревар против Саудиска Арабија, само три дена пред клучниот квалификациски дуел со Лихтенштајн.

Пријателскиот меч ќе се одигра на 4 септември на стадионот „Викторија“ во Прага, каде што избраниците на селекторот ќе имаат последна можност за вежбање и тактичко усовршување пред продолжението на квалификациите за пласман на Светското првенство.

Три дена подоцна, на 7 септември, Македонија ќе му гостува на Лихтенштајн во рамките на новото коло од квалификациите. Натпреварот е од големо значење за нашата селекција во борбата за подобар пласман во групата.

Македонија досега двапати се сретнала со Саудиска Арабија – првиот пат на 1 август 2001 година во Ријад, во меч кој заврши нерешено (1-1), и вторпат на 22 октомври 2022 година во Абу Даби, кога Саудијците славеа со минимални 1-0. Овојпат, „црвено-жолтите“ ќе имаат шанса за реванш и подобрување на меѓусебниот биланс.

CATEGORIES
Share This