МАКЕДОНИЈА ВО ЧЕКОР СО НАТО – Ново американско оружје на пат кон нашите војници

Македонската армија ќе добие модерни карабини М4/М4А1, дел од договор на Пентагон со вредност од над 40 милиони долари.

МАКЕДОНИЈА ВО ЧЕКОР СО НАТО – Ново американско оружје на пат кон нашите војници
Фото: Принтскрин

Македонија ќе добие ново пешадиско вооружување како дел од договорот на Пентагон со американската компанија Colt’s Manufacturing Company, вреден до 40,86 милиони долари.

Според американското Министерство за одбрана, договорот предвидува производство на карабини М4/М4А1 за странски партнери, меѓу кои, покрај Македонија, се и Босна и Херцеговина, Ирак и Тунис. Станува збор за договор со фиксна цена и флексибилен обем на испорака, кој ќе важи до 31 март 2031 година.

Карабинот М4 е едно од најпознатите современи пешадиски оружја и со години е стандард во американската армија и кај бројни сојузнички сили. Тој е развиен како покомпактна верзија на пушката М16 и е прилагоден за современи борбени услови, обезбедувајќи поголема подвижност, побрза реакција и подобра контрола на теренот.

М4 се истакнува со својата модуларност и може лесно да се прилагоди со оптички нишани, ноќни уреди и други додатоци, што овозможува употреба во различни оперативни сценарија. Со ефективен дострел од околу 500 метри и стандардни рамки од 30 куршуми, М4 комбинира прецизност, брзина и практичност.

За земјите корисници, вклучително и Македонија, ваквите договори претставуваат важен чекор кон модернизација на вооружувањето и приближување кон стандардите на НАТО.

CATEGORIES
Share This