МАКЕДОНИЈА ТРГНУВА КОН ПАРКЕН – Сите детали за навивачите пред историскиот дуел со Данска
38.000 гледачи и едно големо македонско срце, целосниот водич за натпреварот против Данска.

Фудбалската федерациај на Македонија (ФФМ) сподели важни информации за македоснките навивачи за бараж натпреварот со Данска. Натпреварот ќе с еодигра на 26 март 2026 година, на стадионот „Паркен“, Копенхаген со почеток на натпреварот во 20:45 часот.
Фан зоната за македонските навивачи се наоѓа во „The Old Irish Pub“ и ќе биде отворена од 12:00 часот на денот на натпреварот. Организираното движење кон стадионот започнува околу 18:30 часот, со комбиниран превоз и дел со бесплатен воз, дел пеш, во координација со локалната полиција.
Вратите на стадионот ќе бидат отворени од 19:15 часот. Македонските навивачи ќе бидат сместени во сектор D1, а носителите на билети од прва категорија во сектор A9. Влез во други сектори не е дозволен. По влегувањето на стадионот, повторно излегување и повторно влегување не е дозволено. Сите навивачи треба да носат важечки личен документ (лична карта или пасош).
Билети нема да се продаваат на денот на натпреварот. Паркинг просторот околу стадионот е ограничен, со наплата и по принципот „прв дојден – прв услужен“.
Дозволени се реквизити како знамиња и банери: максимум 1м x 1,5м. Сите знамиња со текст мора да бидат претходно одобрени. Забрането е внесување: фотоапарати, камери, храна, пијалоци. Ранци и чанти само формат А4. Строго забрането е внесување на пиротехника, огномети, чадни бомби и други опасни предмети. За тапани, мегафони и други реквизити потребно е претходно формално барање со фотографија и контакт информации. Предмети без одобрение не се дозволени.
Македонските фудбалери ќе тренираат утрово на комплексот на ФФМ и потоа заминуваат на аеродром. Последниот и официјален тренинг ќе се одржи утре на стадионот „Паркен“. Капацитетот на стадионот е распродаден, а се очекуваат околу 38.000 гледачи.
Натпреварот се одржува само два дена пред редовните парламентарни избори во Данска, што го прави денот и значаен за локалната јавност. Нашата експедиција за Копенхаген заминува чартер летот во 15:00 часот, во време кога ќе се затвораат гласачките кутии.


