МАКЕДОНИЈА СО НАЈВИСОКА НЕТО-ПЛАТА ДОСЕГА – Просечната нето-плата во април достигна 45.452 денари
Дополнително, просечната месечна бруто-плата за април 2025 изнесува 68.294 денари.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2025 година изнесувала 45.452 денари, што претставува зголемување од 10,6% во однос на истиот месец лани.
Зголемувањето главно произлегува од растот на платите во неколку клучни сектори. Највисок пораст е забележан во:
-
Здравствена и социјална заштита – пораст од 14,7%
-
Образование – пораст од 14,4%
-
Административни и помошни услужни дејности – пораст од 13%
Во споредба со март 2025, исто така е евидентиран месечен пораст на платите во следниве сектори:
-
Информации и комуникации – +4,2%
-
Административни и помошни услужни дејности – +3,9%
-
Здравствена и социјална заштита – +3,8%
Дополнително, просечната месечна бруто-плата за април 2025 изнесува 68.294 денари.


