МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗЕМЈОТРЕС – 2,2 степени југозападно од Тетово
Според податоците на EMSC, земјотресот бил со јачина од 2,2 степени и на длабочина од пет километри

Фото: Принтскрин
Во раните утрински часови во Македонија е регистриран послаб земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот е забележан во 05 часот и 21 минута, а според податоците на EMSC, епицентарот се наоѓал на околу девет километри југозападно од Тетово, на длабочина од пет километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.
CATEGORIES Македонија


