МАКЕДОНИЈА РАСТЕ – Буџетот за 2026 носи стабилност и инвестиции

Нови инвестиции во инфраструктура, здравство и образование ги водат граѓаните кон подобар стандард.

МАКЕДОНИЈА РАСТЕ – Буџетот за 2026 носи стабилност и инвестиции
Фото: Национал

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи Предлог-буџетот за 2026 година, истакнувајќи дека земјата очекува економски раст од 3,8%, стабилизирана инфлација од 2,5% и буџетски дефицит од 3,5% од БДП.

Вкупните приходи се планирани на 374,7 милијарди денари, а расходите на 413,9 милијарди денари, вклучувајќи капитални инвестиции од 40,5 милијарди денари за инфраструктура, енергетика, образование и здравство.

Планиран е раст на просечната плата за 6,5% и продолжување на социјалните и активните мерки за вработување, додека задолжувањето ќе се врши со цел стабилно управување со јавниот долг. Пленарната расправа за буџетот е закажана за 9 декември.

CATEGORIES
Share This