МАКЕДОНИЈА ПРВА ВО ЕВРОПА – Муцунски открива што ќе се случи во Вашингтон на 7 април
Стратешкото партнерство со САД како клучен приоритет на државата.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во телевизиско гостување нагласи дека партнерството со Соединетите Американски Држави претставува стратешки приоритет од исклучително значење за државата.
Тој најави дека на 7 април во Вашингтон ќе се одржи сесија на Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД, при што земјава ќе биде прва во Европа што ќе реализира ваков дијалог во рамки на актуелната американска администрација.
Делегацијата ќе ја предводи Муцунски, а во неа ќе учествуваат и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и енергетика, односно Тошковски, Мисајловски, Андоновски и Божиновска.
Според него, дијалогот ќе отвори сериозни теми во областите на одбраната и безбедноста, како и во трговската и економската соработка, со очекување да донесе конкретни придобивки за граѓаните.
