МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПА ПО ДОКТОРИ НА НАУКИ – Но магистрите ни недостасуваат
Жените ја освојуваат науката и 60% од магистрите и докторите во Македонија се жени.

Секојдневно се забележува раст на бројот на високообразовани граѓани во државата, а најголем дел од нив се жени. Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во 2025 година 1.855 лица магистрирале или специјализирале, што е за 0,5% повеќе од 2024 година (1.846 лица) додека 245 граѓани докторирале, што е за 14% повеќе од претходната година (215 лица).
Овој раст се одржува и во последните години, со значителен пораст на доктори на науки, особено од 2023 кон 2024 година.
Меѓу областите кои се најпопуларни кај магистри и специјалисти (1.558 магистерски трудови) се издвојуваат бизнис и право со 497 трудови (околу 1/3 од вкупниот број), инженерство, производство и градежништво со 256 трудови и општествени науки со 230 трудови додека кај сдктори на науки (245 трудови) здравство и социјална заштита со 62 трудови (25,3% од вкупниот број), бизнис, администрација и право 14,7%, инженерство, производство и градежништво 12,7%, уметност и хуманистички науки 12,2% и општествени науки, новинарство и информирање 10,2%.
И покрај недостатокот на здравствен кадар, само 82 доктори се специјализирале или магистрирале во здравството.
Статистиката покажува дека жените се поактивни во стекнување на повисоки квалификации. Над 60% од магистерските трудови се на жени и тоа во 2025 година 954 жени а 604 мажи, кај специјализациите 203 жени и 94 мажи. Во природните науки, математиката и статистиката има 60 жени и 14 мажи а во здравството 60 жени и 14 мажи.
Во однос на докторските дисертации 147 жени (60% од сите доктори) од кои во здравството 45 жени / 17 мажи, во бизнис и право 24 жени / 12 мажи и во природни науки и математика 11 жени / 6 мажи.
Очигледно, жените не само што се повеќе образовани, туку и доминираат во некои технички и научни области.
Во однос на споредбата со Европа, според податоците за население (1,8 милиони жители) и бројот на магистри и доктори до 2025 година: Доктори на науки 3,4 на 1.000 жители слично на Словенија (3,8 на 1.000). Следат Данска (3,2 на 1.000) а најмалку доктори има кај Бугарија и Србија (1 на 2.000 жители). Магистри на науки 22,5 на 1.000 жители а европскиот просек е околу 50 на 1.000 жители. Највисоки стапки има кај Данска, Полска и Германија.
Македонија има висока стапка на доктори на науки, но заостанува во бројот на магистри според европскиот просек.


