МАКЕДОНИЈА ГО ЗАСЛУЖУВА СВОЕТО МЕСТО ВО ЕУ – Порача Мицкоски од Брисел

от нагласи дека билатералните прашања не треба да бидат пречка, а интеграцијата на Западен Балкан е знак на интерес за заедничката европска иднина.

МАКЕДОНИЈА ГО ЗАСЛУЖУВА СВОЕТО МЕСТО ВО ЕУ – Порача Мицкоски од Брисел
Фото: Влада

Премиерот Мицкоски од Брисел истакна дека е охрабрувачки што Западен Балкан е во фокусот на Европската Унија.

„Тоа е добар сигнал за граѓаните на Западен Балкан, бидејќи покажува дека постои интерес за нашата заедничка иднина. Географски, Западен Балкан припаѓа на Европа и логично е заедно да се интегрираме во рамките на ЕУ“, нагласи тој.

Мицкоски додаде дека Македонија го заслужила своето место во европското семејство уште одамна.

„Нашиот пат започна пред 25 години, но поради вештачки пречки сè уште не сме дел од ЕУ. Како држава и влада, продолжуваме да ги исполнуваме сите обврски кои се потребни во овој процес, не заради самиот процес, туку пред сè поради нашите граѓани, кои го заслужуваат тоа. Работиме на овој начин и ќе продолжиме понатаму“, истакна премиерот.

Тој потенцираше дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во нашата европска интеграција.

„Очекуваме поддршка од нашите соседи и сакаме да бидеме оценувани според постигнувањата, а не според билатералните прашања“, заклучи Мицкоски.

CATEGORIES
Share This