МАКЕДОНИЈА ГИ ПАМЕТИ СВОИТЕ ХРАБРИ СИНОВИ – 26 години од загубата на полициските службеници

Министерот Тошковски со свежо цвеќе оддаде почит на загинатите полициски херои

МАКЕДОНИЈА ГИ ПАМЕТИ СВОИТЕ ХРАБРИ СИНОВИ – 26 години од загубата на полициските службеници
Фото: Принтскрин

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска со положување цвеќе им оддаде почит на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои пред 26 години трагично загинаа на 11 јануари 2000 година во заседа кај влезот на селото Арачиново, во кругот на Полициската станица Гази Баба.

Во објава на социјалните мрежи, Тошковски истакна дека тие биле подмолно и сурово убиени додека извршувале редовна полициска контрола.

„Македонија никогаш нема да ги заборави своите храбри синови. Денес се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак. Тие беа убиени во заседа при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново. Со длабока почит кон нивната жртва, денес положив свежо цвеќе пред споменикот на бранителите во кругот на Полициската станица Гази Баба, со јасна порака дека нивното херојство никогаш нема да биде заборавено, напиша Тошковски.

Тој додаде дека хероите на Македонија живеат вечно во колективната меморија, а нивната жртва останува траен завет за сегашните и идните генерации.

CATEGORIES
Share This