МАКЕДОНЦИ ИМАЈТЕ НА УМ Сексот не е обврска во бракот, пресуди Судот во Стразбур

Во земјите членки на Советот на Европа, каква што е и Република Македонија, пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур имаат карактер на извор на право.

МАКЕДОНЦИ ИМАЈТЕ НА УМ Сексот не е обврска во бракот, пресуди Судот во Стразбур

Европскиот суд за човекови права ја прифати жалбата на 69-годишна Французинка, која судот во Франција ја прогласи за виновна за нејзиниот развод затоа што одбивала да има сексуални односи со сопругот.  Пресудата на Судот во Стразбур е интересна и за Македонија како земја членка на Советот на Европа.

Инаку, врз основа на „одбивањето на сексуални односи“ од страна на жената, француски Суд одобрил развод на бракот и утврдил вина на жената за распад на бракот. Французинката не ја спори одлуката за развод на бракот туку затоа што била прогласена за виновна поради одбивање на сексуални односи. Незадоволна од таквата одлука поднела жалба со цел да биде ослободена од вината за распадот на бракот.

По исцрпувањето на сите правна средства пред француските судови кои ја прогласиле за виновна за разводот бидејќи одбивала да има сексуални односи со својот веќе поранешен сопруг, се обратила до Европскиот суд за човекови права во 2021 година. Судот во Стразбур пресуди дека инсистирањето на таква брачна обврска е во спротивност со сексуалната слобода и правото на телесна автономија, се вели во пресудата на Европскиот суд. 

Адвокатката на Французинката, Лилија Мисен застана во одбрана на својата клиентка и ја поздрави пресудата на Судот во Стразбур нарекувајќи ја пресвртница во правата на жените и која треба да стави крај на праксата да им наметнува на жените обврска да имаат сексуални односи во бракот.

Во земјите членки на Советот на Европа, каква што е и Република Македонија, пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур имаат карактер на извор на право. Република Македонија е членка на Советот на Европа од ноември 1995 година, кога ја потпиша Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи. Обврзувачкото дејство на Европската конвенција за Македонија настана по влегувањето во сила на Законот за ратификација на Европската конвенција на 19 март 1997 година и со предавањето на инструментите за ратификација на Конвенцијата на Генералниот секретар на Советот на Европа на 10 април 1997 година со што Конвенцијата стана дел од внатрешниот поредок на Македонија. Со овие настани се создадоа сите формални претпоставки за произведување на правни дејства на Конвенцијата и пресудите на Судот во Стразбур спрема Република Македонија како земја членка на Советот на Европа. Во Македонија се уште не се коментира пресудата од надлежните правосудни органи.

CATEGORIES
Share This