МАГЛА НАУТРО, СОНЦЕ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ – Слаб југоисточен ветер

Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и магла, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност.

МАГЛА НАУТРО, СОНЦЕ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ – Слаб југоисточен ветер
Фото: Национал

Времето денеска (28.01.) претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност или појава на магла.  Во текот на денот насекаде ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец и температура во интервал од -2 до 14 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Во Скопје, претпладне ќе има ниска облачност, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

CATEGORIES
Share This