МАГЛА И ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ – Внимателно возење
Влажни коловози и намалена видливост поради магла, особено на правецот Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот денеска (03.02) на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, каде видливоста е намалена до 60 метри.
Од 15 ноември 2025 година на сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, без оглед на временските услови. Обврската важи до 15 март 2026 година.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси при влез и излез од државата.
АМСМ апелира на прилагодена брзина, строго почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде постои опасност од одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

