МАГИЈАТА СЕ ВРАЌА – Првиот трејлер откри детали што никој не ги очекуваше

Проектот вреден милијарди веќе ја дели јавноста ширум светот

МАГИЈАТА СЕ ВРАЌА – Првиот трејлер откри детали што никој не ги очекуваше
Фото: Принтскрин

HBO го објави првиот трејлер за новата, високобуџетна телевизиска адаптација на серијалот за Хари Потер, базиран на делата на J.K. Rowling. Премиерата на првата сезона е најавена за декември оваа година.

По долг и дискретен процес на кастинг, легендарното трио Хари, Рон и Хермиона повторно се враќа во Hogwarts. Првата сезона ќе ја следи содржината на првата книга и ќе ги претстави главните ликови како единаесетгодишници кои се запознаваат во возот кон училиштето за волшебници.

Главните улоги ги толкуваат Доминик Меклафлин како Хари Потер, Арабела Стентон како Хермиона Гренџер и Алистер Стаут како Рон Визли. Во трејлерот се навестуваат и култни сцени, меѓу кои првата средба со Хагрид, сортирањето со шеширот и првиот квидич-натпревар. Оригиналниот филм од 2001 година, режиран од Chris Columbus, исто така служи како инспирација.

Во возрасните улоги се појавуваат John Lithgow како Албус Дамблдор, Janet McTeer како Минерва Мекгонагал и Paapa Essiedu како Северус Снејп.

Според изјавата на JB Perrette од Warner Bros. Discovery, оваа серија се очекува да биде најголемиот стриминг-проект досега, со потенцијал да ја надмине популарноста на претходните адаптации.

Поранешната ѕвезда на франшизата, Daniel Radcliffe, изјави дека новиот актер кој го игра Хари веројатно ќе се снајде подобро отколку што тој успеал на почетокот на својата кариера, додавајќи дека искуството го стекнал постепено низ годините.

Сепак, проектот веќе предизвика контроверзии. Изборот на Есиеду за улогата на Снејп донесе негативни реакции од дел од јавноста, при што актерот откри дека добивал и сериозни закани, кои ги користи како мотивација за својата изведба.

Дополнителни критики се насочени и кон јавните ставови на Роулинг во врска со трансродовите лица. И покрај тоа, од HBO Max нагласуваат дека нејзините лични ставови не влијаат врз содржината на серијата.

Според најавите, серијата „Хари Потер и каменот на мудроста“ ќе има премиера на 25 декември на HBO Max значително порано од првично планираното, и речиси три децении по објавувањето на првата книга.

CATEGORIES
Share This