МАДУРО ВОЈУВА СО АМЕРИКА – Подготвени сме за оружје
САД понудија награда од 50 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Мадуро, кој е обвинет за трговија со дрога и врски со банди.

Фото: Принтскрин
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, најави распоредување на воени, полициски и цивилни сили на 284 позиции низ земјата.
„Подготвени сме за вооружена борба, доколку е потребно,“ порача тој.
Во меѓувреме, САД го засилија военото присуство во јужниот Карибски регион со 10 авиони Ф-35. Минатата недела при американски напад загинаа 11 лица, а потона и венецуелски брод за кој Вашингтон тврди дека превезувал дрога.
САД понудија награда од 50 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Мадуро, кој е обвинет за трговија со дрога и врски со банди.
CATEGORIES Свет


