МАДУРО СЕ ВООРУЖУВА Русија, Кина и Иран во игра против САД!
Мадуро бара помош од големите сили за да го одбрани своето влијание.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, бара од Русија, Кина и Иран да му помогнат да ја зајакне воената моќ на земјата, поради зголемено присуство на американски трупи во Карибите, објави „Вашингтон пост“.
Според американските документи, писмото до рускиот претседател Владимир Путин било доставено за време на посетата на Москва од висок помошник на Мадуро. Во него се бара воздушна одбрана и беспилотни летала за спротивставување на САД.
Во писмото до Си Џинпинг, Мадуро побарал забрзано производство на радарски системи и „проширена воена соработка“ за да ја одбрани Венецуела од, како што се наведува, „ескалацијата со САД“.
Венецуелскиот министер за транспорт, Рамон Селестино Веласкез, веќе координирал испорака на иранска воена опрема и дронови, а за време на посета на Техеран рекол дека земјата има потреба од „пасивни средства за откривање“, „GPS уреди за блокирање“ и дронови со дострел до 1.000 километри.


