МАЧЕ ПРЕДИЗВИКАЛО ПОПЛАВА Кафичот „Purrfect Bean“ со мачки привремено затворено

Петмесечно маче по име Ролер го поплави кафулето додека си играло со вода

МАЧЕ ПРЕДИЗВИКАЛО ПОПЛАВА Кафичот „Purrfect Bean“ со мачки привремено затворено
Фото: Принтскрин

Инцидентот се случил во вторник кога петмесечно маче по име Ролер предизвикало прелевање на вода додека си играло со крпа и мијалник во бањата на горниот кат, што довело до поплава во просториите на кафулето на приземјето, пишува „Њујорк пост“.

Сопствениците нагласуваат дека ниедна мачка не е повредена, но штетата е значителна. Потребно е реновирање на подовите, таваните и ѕидовите, како и целосно обновување на бањата на горниот кат и замена на потопените апарати, вклучувајќи ја машината за еспресо и мелницата за кафе.

Додека траат поправките, сите мачки се привремено сместени во нивните згрижувачки домови.

Утре кафулето ќе организира акција за собирање средства „Плати колку што можеш“ за покривање на трошоците за поправки и поддршка на вработените кои моментално се без приходи. Исто така, е покрената и кампања на „GoFundMe“.

Од своето отворање во август до 5 ноември, „Purrfect Bean“ забележало повеќе од 100 успешни посвојувања на мачки.

CATEGORIES
Share This