МАЈЧИНСКА ПОДРШКА ВО НАЈТЕШКИ МОМЕНТИ Зира Груби до синот Артан
Иако денес се соочуваш со прогон и неправда, како во времињата на комунизмот, јас верувам дека вистината ќе излезе на виделина и дека со Божја волја, правдата ќе победи.

Зира Груби, мајката на Артан Груби, се огласи на социјалните мрежи по повод роденденот на нејзиниот син, кој во моментов е во бегство. Таа испрати искрена и полна со емоции порака, изразувајќи гордост и поддршка кон својот син.
„Денес, кога твоето отсуство се чувствува посилно од присуството на сите други, кога луѓето ги спомнуваат твоите дела со гордост, се сеќаваат на времето кога Албанците навистина се чувствуваа застапени, кога дадениот збор се исполнуваше – јас, твојата мајка, се чувствувам погорда од кога и да е.
Иако денес се соочуваш со прогон и неправда, како во времињата на комунизмот, јас верувам дека вистината ќе излезе на виделина и дека со Божја волја, правдата ќе победи.
„Среќен роденден, Артан! Ти посакувам добро здравје и сила да издржиш. Животот е полн со тешки и убави моменти – учи од сите нив и стани човекот за кој знам дека можеш да бидеш. Никогаш не заборавај дека те сакаме“, напиша Зира Груби.


