ЛУКОИЛ ДОБИ ДОПОЛНИТЕЛНИ 45 ДЕНА ЗА ПРОДАЖБА Предходниот рок бил прекраток
Лиценцата не дозволува финална продажба без посебно одобрение, туку само преговори, со што САД ја задржуваат целосната контрола врз евентуалната промена на сопственоста.

Американското Министерство за финансии (OFAC) го продолжи рокот за преговори и подготовка на условни договори за продажба на меѓународниот имот на „ЛУКОИЛ“ до 28 февруари 2026 година, оценувајќи дека претходниот рок бил прекраток за сложените трансакции.
Лиценцата не дозволува финална продажба без посебно одобрение, туку само преговори, со што САД ја задржуваат целосната контрола врз евентуалната промена на сопственоста. Одлуката е дел од санкцискиот режим кон Русија и има цел да се избегне пазарен шок.
За Балканот, вклучително и Македонија, ова значи краткорочна стабилност во снабдувањето со горива, но и среднорочна неизвесност околу идниот сопственик, управувањето и можните ефекти врз цените. Клучниот рок за разврска е крајот на февруари 2026 година.


