ЛУКА ДОНЧИЌ ПОВТОРНО ИГРАШЕ ВО ДАЛАС Прво заплака а потоа им даде 45 поени на довчерашните соиграчи

Дончиќ не можеше да ги сокрие емоциите пред почетокот на мечот, а во еден момент почнаа да течат солзи.

ЛУКА ДОНЧИЌ ПОВТОРНО ИГРАШЕ ВО ДАЛАС Прво заплака а потоа им даде 45 поени на довчерашните соиграчи

Лејкерси го победија Далас со 112-97 во меч со многу емоции за поранешниот на Далас, Лука Дончиќ кој постигна 45 поени (16/28), израмнувајќи го сезонскиот рекорд постигнат своевремено во дресот на Далас, осум скока, шест асистенции, четири украдени топки.

Сите гледачи во салата, се подразбира во најголем дел како навивачи на Маверикс го пречекаа Дончиќ со натписи  „Благодарам за се“. Дончиќ не можеше да ги сокрие емоциите пред почетокот на мечот, а во еден момент почнаа да течат солзи.

Два месеци откако беше трејдуван од Далас во Лејкерси, вчерашниот 9-ти април беше означен како важен ден уште од моментот кога е направена размената на играчи помеѓу Далас и Лејкерс, тоа беше денот кога Лука Дончиќ и Лејкерси ќе ги посетат „неговите“ Маверикс. Се случи долгоочекуваниот ден и помина точно како што се очекуваше – со многу емоции и одлична игра на словенечкиот гениј.

CATEGORIES
TAGS
Share This