ЛОНДОН СО ПОРАКА ДО ПЕКИНГ Британија подготвена за војна со Кина во одбрана на Тајван

Минатиот месец, Пекинг остро реагираше на минувањето на британски воен брод низ Тајванскиот теснец, обвинувајќи го Лондон дека „намерно провоцира“ и го загрозува мирот во регионот.

ЛОНДОН СО ПОРАКА ДО ПЕКИНГ Британија подготвена за војна со Кина во одбрана на Тајван
Фото: Принтскрин

Британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека Велика Британија би можела да прибегне кон употреба на воена сила против Кина доколку дојде до сериозна ескалација во Тајванскиот теснец, иако потенцираше дека Лондон и понатаму претпочита дипломатско решение.

Во интервју за „Телеграф“ за време на посетата на Австралија, Хили изјави дека Обединетото Кралство е подготвено да „обезбеди мир со сила, ако мора“. Тоа е еден од најјасните сигнали досега за можна директна конфронтација со Пекинг од страна на висок британски претставник.

Изјавата доаѓа додека носачот на авиони ХМС Prince of Wales, опремен со борбени авиони Ф-35, се закотви во австралискиот град Дарвин – прво присуство на британска ударна поморска група во регионот по речиси три децении. Бродот е дел од деветмесечна мисија во Индо-Пацификот и ќе учествува во заеднички воени вежби како „Talisman Sabre“, со посети на Јапонија и Јужна Кореја.

„Ако дојде до борба, како што тоа се случувало и во минатото, Велика Британија и Австралија ќе бидат рамо до рамо. Заедничките вежби и подготвеноста за заедничка одбрана се клучни за одвраќање“, изјави Хили, прецизирајќи дека зборува „во општа смисла“ и дека британскиот став кон Тајван останува непроменет.

Кина, која го смета Тајван за дел од својата територија според принципот „Една Кина“, постојано повторува дека претпочита мирно обединување, но не ја исклучува употребата на сила. Тајван функционира како самоуправен регион од 1949 година, по граѓанската војна во Кина.

Иако повеќето држави меѓу кои и Русија го признаваат Тајван како дел од Кина, западните сили како Велика Британија и САД формално го поддржуваат принципот „Една Кина“, додека истовремено одржуваат неформални односи со Тајпеј и обезбедуваат воена поддршка.

Минатиот месец, Пекинг остро реагираше на минувањето на британски воен брод низ Тајванскиот теснец, обвинувајќи го Лондон дека „намерно провоцира“ и го загрозува мирот во регионот.

CATEGORIES
TAGS
Share This