ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НА 18 ОКТОМВРИ – Втор круг на 2 ноември
Тој истакна дека изборите треба да ја одразат европската ориентација на земјата и да бидат натпревар на идеи и визии за подобра иднина.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го потпиша решението за распишување на локалните избори, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, во согласност со Изборниот законик. Првиот круг ќе биде на 19 октомври, а вториот – на 2 ноември, во општините каде нема да има победник во првиот круг.
Со распишувањето почнуваат да течат сите изборни рокови, а календарот за спроведување на изборните дејствија ќе го утврди Државната изборна комисија.
Гаши порача дека изборите не се само техничка постапка, туку суштина на демократијата, и повика на фер и чесен процес:
„Ова е момент за зајакнување на демократијата, подобрување на благосостојбата и градење подобра иднина.“
Тој најави дека изборната кампања ќе започне 20 дена пред гласањето, а за тој период Собранието ќе функционира административно, без пленарни седници, за да се избегне злоупотреба на говорницата во политички цели.
Како претседател на Собранието, Гаши упати повик до сите партии и кандидати да покажат висока политичка култура, да избегнуваат притисоци, поделби и злоупотреба на институциите или јавните ресурси.
„Очекувам процесот да биде доказ за нашата демократска зрелост, каде што ќе преовладува достоинството, почитувањето на правилата и слободната волја на граѓаните.“
Тој истакна дека изборите треба да ја одразат европската ориентација на земјата и да бидат натпревар на идеи и визии за подобра иднина.


