ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА По 75 години СДП ја губи Риека, ХДЗ намерно губи во Загреб

Во Хрватска вчера се одржаа локалните избори на кои Хрватите ги избираа своите претставници за следните четири години во обласните, општинските и градските совети, како и градоначалници на градови и општини и обласни управители.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА По 75 години СДП ја губи Риека, ХДЗ намерно губи во Загреб
Фото: Принтскрин

Во Хрватска вчера се одржаа локалните избори на кои Хрватите ги избираа своите претставници за следните четири години во обласните, општинските и градските совети, како и градоначалници на градови и општини и обласни управители.

Најголемото изненадување се случи во Риека каде Социјал демократската партија која произлезе од Комунистичката партија по распадот на Југославија, по 75 години ако се вклучи и периодот на социјализмот, првпат ја губи власта во Риека.

Исто така, загрижувачки за Хрватите е многу малата излезност на изборите. Дури 60 отсто од гласачите во Загреб воопшто не се заинтересирани за тоа кој е градоначалник на Загреб, а истото може да се каже и за гласачите во огромно мнозинство на други градови, општини и окрузи. Победникот во првиот круг за градоначалник во главниот град, Томашевиќ, заврши со само 100.000 гласови во Загреб кој има годишен буџет од 3 милијарди евра.

Резултатите во првиот круг покажуваат дека најголеми губитници на изборите се СДП и МОСТ.  СДП нема да има градоначалник во ниеден голем град во Хрватска (Сплит, Осиек, Шибеник, Задар, Сисак…) освен можеби Загреб каде Томашевиќ е заеднички кандидат на  партиите МОЖЕМЕ и СДП.

Интересно е што кандидатот на СДП на претседателските избори во Хрватска, Зоран Милановиќ, пред само четири месеци (12.01.) однесе убедлива победа и катасгтрофално го победи кандидатот на ХДЗ, додека на вчерашните локални избори се случи обратна ситуација во која победи ХДЗ а партијата СДП доживеа изборен дебакл.

Претседателот на ХДЗ и на владата, Андреј Пленковиќ е задоволен како што ои нарече одличниот изборен резултат. Дури, во Хрватска се шпекулира дека ХДЗ намерно исфрла кандидат во Загреб за кој однапред се знае дека ќе изгуби, бидејќи победникот во Загреб е закана и директна конкуренција на премиерот и лидерот на ХДЗ, Пленковиќ.

CATEGORIES
TAGS
Share This