ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ – Регистрирани 246 портали, 33 телевизии и 42 радиостаници за платено политичко рекламирање

За платено политичко рекламирање ќе се издвојат 397,7 милиони денари (околу 6,5 милиони евра), што претставува 66% од вкупниот буџет на ДИК за изборите, кој изнесува 600,5 милиони денари (околу 9,76 милиони евра).

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ – Регистрирани 246 портали, 33 телевизии и 42 радиостаници за платено политичко рекламирање
Фото: Национал

Државната изборна комисија (ДИК) регистрираше вкупно 321 медиум за платено политичко рекламирање за локалните избори 2025 година – 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали.

Од пристигнати 352 барања, 22 се одбиени како неуредни, меѓу кои две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали.

За платено политичко рекламирање ќе се издвојат 397,7 милиони денари (околу 6,5 милиони евра), што претставува 66% од вкупниот буџет на ДИК за изборите, кој изнесува 600,5 милиони денари (околу 9,76 милиони евра).

„До ДИК беа доставени 352 барања и 399 ценовници. По разгледување, запишани се 321 медиум, а одредени барања беа одбиени како ненавремени или неуредни“, изјави членката на ДИК, Светлана Карапетрова.

Првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот на 2 ноември.

CATEGORIES
TAGS
Share This