ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ – Каде се можни изненадувања за градоначалници?
Изненадување, можно е да се случи во изборот за градоначалник на Струмица, Виница, Кочани, Лозово и Росоман, каде што кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија се израмнети во внатрепартиските анкети.

Локалните избори секогаш носат свои специфики и изненадувања, бидејќи граѓаните во голема мера гласаат според локалните проблеми, личноста на кандидатите и нивната блискост со заедницата. Според последните внатрепартиските анкети на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, јасно е дека трката ќе биде особено неизвесна во повеќе општини.
Изненадување, можно е да се случи во изборот за градоначалник на Струмица, Виница, Кочани, Лозово и Росоман, каде што кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија се израмнети во внатрепартиските анкети.
Интересно е што поддршката за кандидатите на Единствена Македонија расте секој ден, а граѓаните се повеќе ја препознаваат искрената борба за чесна локална власт, за вистински развој и за враќање на народот во центарот на политиката.
Токму овие општини би можеле да ја потврдат тезата дека локалните избори често се помалку предвидливи од парламентарните и дека граѓаните знаат да се одлучат за нови лица и партии кои ветуваат поактивна работа на терен.
Во секој случај, иако анкетите покажуваат генерална предност за ВМРО-ДПМНЕ на национално ниво, борбата за градоначалничките места останува отворена и може да донесе неочекувани резултати, особено таму каде што излезноста ќе биде клучниот фактор. Ситуацијата „пата-пата“ во Струмица, Виница, Кочани, Лозово и Росоман на два дена пред зиборите е најголемото изненадување со можна победа во неколку општини на кандидатите за градоначалници на Единствена Македонија.


